За чии интереси работи Ковачевски? Одбива единство за националните прашања и декларацијата за Гоце Делчев

t

Во соопштение до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Ковачевски треба да се тргне од скутот на својот ментор Заев и да ги напушти неговите штетни политики. Реториката која ја користи, но и потезите кои ги влече покажуваат дека нема големи промени во пазарџиството на неговиот претходник кој тргуваше со националните и државните интереси.

Но еве, ако навистина Ковачевски сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања, тогаш има одлична прилика, да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев. Ако Делчев не е добар повод за национално единство и ако Декларацијата во Собранието не е најдобра прилика, тогаш не знаеме што е.

Еве му прилика да покаже дека не се само декларативни неговите изјави за единство. Ако му пречи, тогаш Ковачевски треба да каже што е спорно во текстот на Декларацијата, да каже дали има против да се афирмира револуционерното дело на Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. Нека покаже Ковачевски за чии интереси работи.

Ковачевски доколку продолжи да молчи за подадената рака за национално единство, тогаш тоа гласно ќе говори дека на големо се работи на нови договори со Бугарија на штета на македонските интереси, идентитетот, јазикот и историјата.

Ајде Ковачевски, охрабри се, одвој се од Заев и прифати ја Декларацијата за Гоце Делчев во Собранието, така се гради национално единство.“ – Пишува во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…