Женска трка во Скопје – Еве како да се пријавите

t

Најпознатата и најголема трка за жени во земјата, оваа година заокружува една цела декада исполнета со големи успеси, резултати, рекорди, зголемена свесност за негување на здрави навики и здрав животен стил, како и сè побројни учеснички со секоја нова стартна линија.

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, на 10 април 2022 (недела), ќе се одржи 10то издание на Авицена Женска трка во Скопје.

Денес, (16.02.2022) во 12:00 часот и официјално започнуваат пријавите за оваа 3 км трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2022.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женска трка 2022, секоја ќе може да го направи истото преку официјалната веб страница на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk или преку www.smartrace.club.

По стартот на трката и прогласувањето на најдобрите, за учесничките ќе биде организирана и лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…