СДСМ се соочува со сериозни проблеми: „Расчистуваме со криминалот“ – Градоначалникот на Кисела Вода припрема ревизија на работата на неговиот претходник
Втор обид за обезбедување на надворешна ревизија во општина Кисела Вода
Повторно ја објавивме тендерската постапка за избор на ревизорска куќа која треба да даде одговор околу наводите за неправилностите во делот на урбанистичкото работење на претходното раководство на општина Кисела Вода.
Да расчистиме со криминалот кој долги години е рефрен во Кисела Вода и да почнеме транспарентно, чисто и законски да го градиме новиот имиџ на оваа општина. На наша страна се сите граѓани. Тие побараа промени, а јас ги охрабрувам сите стручни лица да се пријават!
Се надевам дека во овој втор обид, ќе се јават вешти лица, кои преку својата експертска анализа ќе бидат дел од почетокот на новите времиња во Кисела Вода во кои ќе се почитуваат законите. Овој процес, надворешата ревизија, е дел од мојата предизборна програма и е ветување од кое нагласи дека нема да отстапам!
Иако сме свесни дека можеби има страв, можеби имало и закани до одредени лица кои сакаат да се пријават, сакам да ги охрабам и да им укажам дека само заеднички можеме да ставиме крај на урбанистичкото дивеење во Кисела Вода.
Мораме заеднички да упатиме порака дека никој не е над законите и дека не може урбаната мафија да управува со општината.
Повторената постапка за избор на ревизорска куќа трае до 22.02.2022 година.
Фејсбук статус на градоначалникот на општина Кисела Вода
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…
Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Излезноста на изборите во Србија до 14…
Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни…
Нападната мајката на Александар Вучиќ – ја…
Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, била…