Ковачевски: Доколку не воведевме мерки, поскапувањето на производите ќе беше поголемо
Димитар Ковачевски, премиерот на Македонија во гостувањето на Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека растот на цените е европски и светски економски феномен и доколку Владата не донесеше мерки за замрзнување на цените, поскапувањето ќе беше поголемо.
Тој смета дека владата реагирала навремено и затоа ги замрзнала цените на основните прехранбени производи.
„Јас и во самото експозе при гласањето на Владата во парламентот најавив дека оваа Влада ќе има предизвици пред неа кои се предизвикани од здравствената пандемија, која предизвика и енергетска криза, јас не велам само енергетска криза, велам финансиско – енергетска криза бидејќи електричната енергија има но нејзината цена е многу покачена, но програмата и заложбите на владата се многу јасни во овој дел. Доколку не ги направевме овие мерки со замрзнувањето, поскапувањето на производите ќе беше поголемо“, изјави Ковачевски.
„Сите активности доколку ги видите од почетокот на мандатот на оваа Влада кои се три недели и сите одлуки кои се носат практично се реализација на оние ветувања кои се даваа на гласањето на Владата. Во однос на електричната енергија ние уште во јуни минатата година следејќи ги трендовите на зголемувањето на цената направивме намалување на ДДВ за електричната енергија од 18 на 5% и при правењето на буџетот за 2022 година се оствари резерва за криза која резерва денес се користи за поддршка на електро енергетскиот систем и за спречување на ценовен шок кон граѓаните. Тоа го направивме и Северна Македонија има најмала цена на електрична енергија во однос на земјите од регионот и пошироко што се должи на мерките кои ги направи владата и исто така направивме активности во однос на снабдувањето на топлинска енергија во Скопје бидејќи и тоа беше загрозено и тоа на правиот ден од стапувањето на работа на оваа влада, тогаш се донесоа сите потребни одлуки и ние имаме непречено снадбување и со топлинска енергија во Скопје.“- додаде Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…