(Видео) Бугарски нацистички поздрав во срцето на ЕУ: Џамбаски си го покажа вистинското лице

t

Европратеникот и новоизбраниот копретседавач на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, синоќа предизвика скандал со нацистички поздрав во пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур, по што беше предупреден од претседателката на ЕП Роберта Мецола дека може да биде строго казнет.

Џамбаски беше единствениот бугарски европратеник кој зборуваше во дебатата, по одлуката на Европскиот суд на правдата да ги отфрли жалбите на Унгарија и Полска кон правото на ЕУ да им ги скрати средствата на земјите-членки коишто ги кршат владеењето на правото и демократските стандарди.

Тој жестоко зборуваше во одбрана на Унгарија и Полска, а на крајот од говорот извикуваше „Да живее Орбан!“, „Да живее Качински“, „Да живее Европа на народите“. Потоа саркастично ги повика присутните во салата: „Почнете да викате y-у-у“.

Како што се повлекуваше на своето место, се сврте по скалите и ја крена раката, салутирајќи со нацистички поздрав.
Мецола го прекина следниот говорник за да изјави пред присутните: „Не се дозволени нацистички или фашистички поздрави и какви било знаци во оваа просторија. Ќе извршиме проверка и, доколку е така, ќе наметнеме строга казна за г-дин Џамбаски“.

Џамбаски е исто така член на групацијата ЕЦР во европарламентот, составена од десничарски партии, како унгарската Фидес, полската Закон и правда и шпанската Вокс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа,…

(Видео) ТЕНЗИИ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Запалени се…

Тензично во и надвор од албанскиот парламент,…

Стерјовски: Како Македонци бараме загарантирано место во…

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

(Видео) Израел го демолираше парламентот во Газа…

Израелските војници во средата ја уништија зградата…