Културна офанзива на Албанија: Се кандидира за членка на Извршниот совет на УНЕСКО

t

Албанија ја објави својата кандидатура за членство во Извршниот совет на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации – УНЕСКО, во периодот 2023-2027 година. и побара поддршка од членовите на таа организација за нивната номинација, дознава Косово на интернет.

Изборите за нови членови на Извршниот совет ќе се одржат на 42-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 2023 година.

Извршниот совет има 58 членови кои ги избира Генералната конференција на четири години, а една од надлежностите на Извршниот совет е да дава препораки за прием на нови држави кои не се членки на Обединетите нации.

Актуелна претседателка на Извршниот совет на УНЕСКО е амбасадорката на Србија во УНЕСКО, Тамара Растовац Сијамашвили, која на таа функција беше избрана во ноември 2021 година.
Србија е реизбрана за член на Извршниот совет во 2019 година, а тој мандат истекува во 2023 година, а за очекување е Белград повторно да поднесе кандидатура, пишува порталот.

Амбасадорка на Албанија во УНЕСКО е Бесиана Кадаре, која по втор пат ја предводи албанската мисија во Париз. Таа беше прв амбасадор од 2011 до 2016 година, а вториот мандат и започна во ноември минатата година. Се потсетува дека за време на нејзиниот прв мандат Косово аплицираше за членство во УНЕСКО во 2015 година, но не доби доволно гласови.

Во Извршниот совет на УНЕСКО, освен Србија, моментно се и Ангола, Аргентина, Австрија, Бразил, Чиле, Кина, Египет, Франција, Германија, Италија, Русија, Шпанија …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Нова тепачка во албанскиот парламент

Ден пред заедничката седница на парламентите на…

Грција е „чувар на европската траекторија на…

Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…