Во тек со трендовите: И Црна Гора ги олабавува Ковид мерките
Поради се поповолната епидемиолошка состојба, Владата на Црна Гора во техничкиот мандат дополнително ги либерализира мерките во борбата против корона вирусот, кои ќе важат од петок, 18 февруари до 4 март, соопшти Министерството за здравство.
Одлучено е да се дозволи одржување на свадби, родендени и други приватни прослави со поседување на потврди за Ковид и обезбедување на простор од 10 метри квадратни по лице.
Фирмите и претприемачите кои вршат угостителска дејност во угостителски објекти (ресторани, кафулиња, кафетерии, хотелски ресторани и сл.) можат да организираат работа во периодот од 7 часот наутро до еден час по полноќ со поседување на потврди за ковид.
Во текот на работното време е дозволена музичка програма, во живо и со музика која се емитува од звучниците.
Дозволено е примање сочувство и извршување погреби во присуство до 50 лица и задолжително почитување на основните епидемиолошки мерки, изјави на прес-конференција директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора Игор Галиќ, пренесе РТЦГ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦИА против сопственото разузнавање за Ковидот: Ренд…
Сенаторот Ренд Пол, по сослушувањето во Комитетот…
Индискиот премиер до граѓаните: Штедете гориво, работете…
Индискиот премиер ги повика граѓаните да штедат…
„Ова не е уште еден Ковид“: Генералниот…
Шефот на СЗО им пиша на жителите…
СДСМ: Јагнешкото е 700 денари, поскапеа и…
Соопштение за јавност на СДСМ Владата предводена…
Престануваат да важат мерките и препораките за…
Прекинат е прагот на алармирање, престануваат да…