(Видео) Мега проект во Турција: Отворањето на „Чанаккале 1915“ најавено за 26 февруари
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 26 февруари ќе го инаугурира и пушти во употреба Мостот „Чанаккале 1915“, уште еден во серијата турски мегапроекти чија изградба започна со поставување камен-темелник на 18 март 2017 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган по вчерашната владина седница најави дека на 26 февруари за сообраќај ќе бидат пуштени Мостот „Чанаккале 1915“ и Автопатот „Малкара“.
Поради својот импозантен изглед, мостот е наречен и „Ѓердан од теснецот Чанаккале“, а на градилиштата на азиската и европската страна на теснецот, покрај службениците на Генералниот директорат за автопатишта на Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција, работеле 559 инженери и 4.062 работници со 550 градежни машини.
За сообраќај ќе биде пуштен и Автопатот „Малкара ‒ Чанаккале“, кој е изграден во рамки на проектот за Автопатот „Кинали ‒ Текирдаг ‒ Чанаккале ‒ Саваштепе“. Станува збор за изградена делница со вкупна должина од 101 километар, од кои 89 километри се автопати, а 12 километри пристапни патишта.
Еден од најпрестижните турски проекти што го поврзува Истанбул со Чанаккале, а потоа и со северниот дел на Егејскиот Регион, ќе се реализира со пуштање на автопатот што го опфаќа Мостот „Чанаккале 1915“.
‒ Зајакнување на квалитетот на транспортната мрежа на Турција ‒
Новоизградените автопат и мост „Чанаккале 1915“ ќе бидат интегрирани во постојната копнена, поморска и воздушна транспортна мрежа во Мраморниот и Егејскиот Регион на Турција кои се меѓу најразвиените региони во земјата и се дом на значителен дел од населението на Турција.
Во рамки на проектот „Чанаккале 1915“, изграден е висечки мост, 2 пристапни вијадукти, 2 армирано-бетонски вијадукти, 6 подвозници, 6 хидраулични моста, 43 надвозници, 40 подвозници, 236 пропусти со различни димензии, 12 јазли, 4 сервисни објекти, 2 оперативни центри и 5 наплатни рампи.
За подобрување на тлото на морското дно во просторот каде што се наоѓаат темелите на кулите на мостот, потиснати се 368 челични шипки со пречник од 2,5 метри, од кои 165 во темелите на кулата на азискиот брег и 203 на европскиот брег.
‒ Топовите на Сејит Онбаши на врвот на кулите ‒
Во тек се завршните работи, главно поврзани со поставување на ветробрани и друга заштита на мостот.
На врвот на челичните кули високи 318 метри ќе бидат поставени фигури од куршуми долги 16 метри.
Станува збор за фигури кои симболизираат топовски куршуми испукани од познатиот турски борец Сејит Онбаши за време на Битката кај Галиполе. Фигурите ги изработува бродоградилиштето „Чимташ“.
‒ Мост на симболиката ‒
Мостот „Чанаккале 1915“ се издвојува со својата импресивност и инженерски решенија и е познат како еден од најдолгите мостови со среден распон во светот, а поради бројните симболики кои ги има го нарекуваат и „Мост на симболите“. Мостот е проектиран така што растојанието меѓу неговите два столба е 2.023 метри, што ја симболизира годината кога Турција ја одбележува јубилејната стогодишнина од основањето на Републиката.
Кулите и додатните елементи на мостот се направени во црвено-белите бои на турското знаме.
Должината на првиот висечки мост на теснецот Чанаккале достигнува 4.608 метри. Сообраќајот ќе се одвива по три сообраќајни ленти во двата правци, а во двата правци има и ленти за застанување и шеталишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…