Протест на докторите денеска – ќе се примаат само итни случаи: Закажан состанок со заменик министерот за здравство попладне

t

Матичните лекари во земјава денеска нема да работат со пациенти за користење на Мој термин, туку само со итни случаи.

Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат.

-Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ).

Таа вели дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле со протест. За денес попладне е закажана средба од заменикот-министер за здравство.

Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од 1.800 се намалил на 1.436.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

Докторите му препорачале на Трамп да намали…

Личниот лекар на американскиот претседател Доналд Трамп…

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…

Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…