Моџо Килингтон му ја заврши кариерата на Петличковски: Лесно е да кажеш народот е крив, виновни се луѓето кои ја корумпираа и уништија оваа држава – тие имаат име и презиме
“Запоставување на личното здравје е причина за високата смртност од Ковид во Македонија” – Петличковски
Лесно е од системски проблемот да се префрли на лична одговорност. Поважното прашање е зошто е запоставено личното здравје.
Кое здравје можи да го има чоек шо живее од ден за ден, со еден до два оброци? И нездрави затоа што најлошата храна е најевтина.
Какво здравје може да има народ заглавен во должничко робство кон извршители и банки шо му ја пијат крвта? Под стрес, преработен на една или две работи во исто време, може да е отпуштен кога ќе му текне на газдата, може да не добие плата. Единствено сигурно е дека се заработуваат болести, да не речам коморбилитети.
Кое здравје кога воздухот убива за нечиј профит. Дрисла го гори отпадот на Европа, државата не сака да пушти срце да купи филтри за рек Битола додека лупаат во администрација послушници, даваат грантови, местат тендери, крадат и уништуваат.
Единствена лична одговорност во целата состојба, на секој од нас е шо го трпиме ова. А и тоа којзнае дали е лична одговорност, на сите ни е јасно дека не крадат, ништат, продаваат, убиваат. Само некој решил да молчи за леб, друг лебот би го сменил за да не е слуга на тој што го убива.
Луѓето кои ја корумпираа и уништија оваа држава имаат име и презиме. Имаат име и презиме и нивните слуги. Тие имиња и презимиња ги носат на душа овие мртви.
Фејсбук статус на Божидар Божиновски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…