Oдлична вест за фановите на Ѓоковиќ: Ќе игра на Вимблдон!
Oдлична вест за фановите на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ тој годинава ќе може да игра на Вимблдон.
Најдобриот светски тенисер ќе може да ја одбрани титулата освоена минатата година, дури и да не е вакциниран.
Се надеваме дека ништо нема да се промени, но како што сега стојат работите, Новак Ѓоковиќ ќе може да игра и да ја брани титулата освоена на Вимблдон, бидејќи, како што истакна Тим Хенман, турнирот ќе ги следи препораките на Владата на оваа земја,а за учество на престижниот натпревар е потребен само антигенски тест, не задолжителна вакцинација.
Последниот Грен слем годинава, УС Опен е далеку и ситуацијата поврзана со него се уште не е позната!
Србинот се уште има големи шанси да испише нови страници во овој спорт и да стане најдобар досега, иако за многумина тој веќе е!
Денеска пристигна уште една одлична вест за Новак, а тоа е дека еден од неговите најважни спонзори ќе остане со него!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем банкарски системски прекин во Јапонија: 128…
Голем системски дефект денеска го парализираше работењето…
Рубио демантира дека ја напушта администрацијата на…
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера категорично…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…