Земјоделството крахира: Суровините по двојно повисоки цени
Цените на ѓубривата, на сточната храна, но и другите суровински материјали што се користат во земјоделско-прехранбениот сектор се значително зголемени, што, според инволвираните, го загрозува производството.
Истовремено, се забележува раст и на цените на производите во маркетите, а граѓаните стравуваат дека нов раст на цените ќе има и од почетокот на следниот месец, кога веќе нема да има замрзнување на цените на основните продукти.
Пандемијата ги разниша економските текови и прекина дел од претходно воспоставените синџири на доставување, а по обновата на економиите, цените на производите почнаа да растат. Растот на трошоците во земјоделството ги зголемува и влезните цени во прехранбената индустрија.
Иако некои од експертите сметаат дека поскапувањето на храната не би требало да нѐ плаши, како земја со предиспозиции за производство на квалитетни продукти, сепак, инволвираните укажуваат дека драстично зголемените трошоци може да предизвикаат прекин во производството на храна, било да се основни земјоделски продукти или, пак, нивни преработки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Нови цени на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Ново поскапување на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
(Фото) Да не ве лажат! Цените во…
Цените во регионот се драстично помали во…
Мицкоски нема информации дека цените пораснале
Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување…