Земјоделството кризира: Нема домашно производство на ѓубрива

t

Според претседателот на здружението на земјоделците „Агрофаланга“, Љупче Станковски, проблемот со цените на ѓубриња, за македонските земјоделци започнува од 2003 година, кога се затвора единствениот наш производствен капацитет за вештачко ѓубре, погонот Хемија, во составот на МХК „Злетово“ или познат како ХИВ (Хемиска индустрија Велес).

– Тој погон беше доволен за снабдување на сите македонски земјоделци со комплетните потреби за прихрана на нивните насади и посеви. Од тој момент, Македонија стана комплетен зависник од увозот на хемиски ѓубрива, а со тоа и крајно чувствителна на финансиските турбуленции и шпекулации на светските берзи. Уште од самиот момент на прекинот на работата на велешката Топилница, а со тоа и на погонот Хемија (поради недостиг од сулфурна киселина од металуршкиот процес во топилницата), веднаш цената на вештачките ѓубриња беше покачена, за цената на транспортот, од соседните држави. Тоа веднаш финансиски ги погоди земјоделците и ги направи помалку рентабилни од порано – објаснува Станковски.

Тој додава дека со намалување на рентабилноста на земјоделците, со природно помалата родност на нашата почва, големата расцепканост на површините, преживувањето на македонскиот земјоделец станува измачување.
– За високите цени на вештачките ѓубрива на светските берзи и нивните компоненти има удел покачувањето на енергентите, но и пандемијата, која предизвика затворање и пропаѓање на малите капацитети, низ светот, па сега со повторното отворање на производството и трговијата се појавува недостиг од голем број производи, меѓу нив и од вештачките ѓубрива – додава Станковски.

Претседателот на здружението смета дека сиот товар од овие покачувања ќе падне на товар на земјоделците, а со тоа и на шансите тие да опстанат и да бидат рентабилни. – Пишува „Нова Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…