„Ова е руска провокација“: Блинкен обвинува дека Русија со евакуацијата од Донбас ќе го оправда нападот врз Украина
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека во разгорувањето на конфликтот во источна Украина гледа „сценарио на провокации“ смислено од Русија за да го оправда нападот врз Украина.
„Настаните од последните 24 до 48 часа се дел од веќе постоечкото сценарио, кое се состои во создавање лажни провокации, потоа одговор на тие провокации со цел да се изврши нова агресија против Украина“, рече Блинкен на конференцијата за безбедност во Минхен.
„Иако правиме се` што е во наша моќ за да стане јасно дека постои дипломатски пат, ние сме длабоко загрижени дека тоа не е патот на кој Русија се обврза“, рече шефот на американската дипломатија.
Блинкен вчера упати слични обвинувања пред Советот за безбедност на ОН.
Нови гранатирања денеска се случиле во источна Украина, за што меѓусебно се обвинуваат украинската војска и проруските сепаратисти.
Русија, која негира дека планира инвазија, но бара повлекување на НАТО од Источна Европа, се верува дека ги поддржува и финансира сепаратистите во источна Украина.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на отворањето на Минхенската конференција изјави дека би било „катастрофа“ доколку кризата меѓу Русија и Украина ескалира во војна.
„Со концентрацијата на руските војници околу Украина, јас сум длабоко загрижен поради зголемените тензии и шпекулациите за воен конфликт во Европа“, предупреди Гутереш.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека Русија претставува „апсолутно неприфатлива закана“ за европската безбедност.
Таа рече дека неодамнешните најави на Русија за делумно повлекување на војниците претставуваат зрак на надеж, но дека сака да види дела бидејќи руската закана сè уште е реална.
Меѓународните лидери и високи дипломати од денеска до недела се во Минхен на тридневни разговори за одбранбени и безбедносни прашања.
Состаноци во различни формати ќе се одржат во Минхен, каде што се присутни и американскиот потпретседател Камала Харис, шефовите на дипломатиите на ЕУ, шефот на НАТО Јенс Столтенберг и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Русите, кои редовно присуствуваа на конференцијата, годинава не испратија свој претставник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…