Матичните лекари повторно добија „датум за датум“: Проблемот не е решен, но ќе се разговарало
Матичните лекари нема да продолжат со протести по денешната средба во Министерството за здравство, на која било договорено формирање на работни групи во кои ќе учествуваат претставници на Лекарската комора и ќе ги решаваат нивните барања.
Работните групи ќе бидат формирани во следните две недели, а како што соопшти заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, за медицинските тимови со помалку пациенти и оние во руралните средини, треба да се обезбеди минимална загарантирана плата и за медицинската сестра и за матичниот лекар, за да се спречи одлевање на кадрите и затворање на амбулантитите.
– Точна е забелешката на д-р Дервишова дека од 1.463 медицински тимови од примарната здравствена заштита речиси 500 или една третина реално се на работ на егзистенцијата, практично добиваат едвај загарантирана минимална плата за тимот доктор-сестра и токму во тој сегмент ќе гледаме колку што е можно побрзо да придонесеме да останат и мотивирани овие тимови со нивните работни обврски во интерес на пациентите – рече Рендевски.
Додаде дека и за здравствените установи, кои имаат повеќе тимови и финансиски подобро работат, исто така ќе обезбеди минимална загарантирана плата за лекарот и сестрата во вториот и третиот тим, за да има рамномерност и унифицираност во исплатата.
Во однос на казнените мерки од Фондот за здравствено осигурување, Рендевски додаде дека ќе се гледа во иднина за некои помали административни грешки да нема парична казна, туку опомена.
Рендевски попладнево се сретна со претседателот на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова и претседателот на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова. На средбата присуствувал и министерот за здравство Беким Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има повеќе болнички кревети на 100…
Во Европската Унија во 2024 година имало…
Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…
Докторите му препорачале на Трамп да намали…
Личниот лекар на американскиот претседател Доналд Трамп…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Христовски: Ќе се прави студија како работат…
Во план е студија околу тоа како…