(Видео) Британија: Ветер фрла авиони, војската во готовност
Британската метеоролошка агенција издаде ретко црвено предупредување за регионот на Лондон и југоисточна Англија поради јаките ветришта кои ги носи бурата Јунис, а на милиони луѓе низ земјата им е кажано да останат дома. Проблеми имаат и авионите со слетувањето.
Во предупредувањето се наведува дека постои опасност по живот и дека се очекуваат значителни нарушувања поради една од најлошите бури која ќе ја погоди Британија во последните неколку децении.
„Бурата Јунис ќе предизвика значителни нарушувања и опасни услови поради исклучително силните ветришта“, соопшти метеоролошката агенција. Повеќе стотици училишта беа вчера затворени, сите возови во Велс беа сопрени, а војската е во готовност.
Колку се силни ударите на ветерот се гледа по авионите кои слетуваа на лондонскиот аеродром Хитроу, а кои ветерот ги носи од една на друга страна.
Метеоролозите објавија дека Јунис донела ветришта со сила од 90 милји на час, што може да предизвика прекини во снабдувањето со струја.
Бурата Јунис е втората која ја погоди Британија во последната недела, откако бурата Дадли зафати делови од Шкотска, северна Англија и Северна Ирска, оставајќи илјадници домови без струја.
Црвените предупредувања за времето се ретки и значат дека покривите може да бидат откорнати, далноводите урнати и дрвја извлечени од корен, како и дека летечките остатоци можат да бидат опасни по живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…