(Видео) Речиси 300 казни за возачите и пешаците

t

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 289 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…