МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026

t

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година.

Според објавените резултати, МВР има 75,90% исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење, кога резултатот изнесувал 73,3%.

Особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области:

100% исполнетост на индикаторите за интегритет – област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност.
100% исполнетост на четирите разгледувани индикатори за ефикасност – поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење.
75,90% вкупна отвореност – резултат со кој МВР е на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето.

Дополнително, во областа на транспарентноста МВР има 72,46% исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија.
Овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните.

Овие резултати се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција. Борбата против криминалот и корупцијата не подразбира само одлучно постапување на полицијата, туку и одговорно, чесно и транспарентно работење на самото Министерство. Токму затоа продолжуваме со истата посветеност – за институција во која граѓаните ќе имаат доверба, а законите и одговорноста ќе важат подеднакво за сите.

Отвореноста и транспарентноста се секојдневна обврска на институциите кон граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…