Мицкоски: Спoрниот закон за наставниците на мала врата овозможува грyба партизација во образованието, а за повисоки плати треба владата само да го почитува колективниот договор
Спорниот закон за наставниците на мала врата овозможува груба партизацијаво образованието, а за повисоки плати треба владата само да го почитува колективниот договор.
Ова вечерва во гостувањето во Дневникот на Сител го истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Суштински се две работи, првата велат ќе ги зголемуваат платите, платите се регулираат со колективните договори, се останато е ветер и магла, имаме колективен договор излегов на прес конференција, направив симулација според кои параметри споредено со новата минимална плата треба да се нивилираат платите на вработените во градинките, основните и средните училишта, еве на први март платните листови нека ги нивилира министерот за финансии и министерот за образование ние ќе го поддржиме тоа, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и дека СДСМ не ја говори вистината и на мала врата се обидува да протне неквалитет и партизација на образованието.
-Тоа што не ја говорат вистината. Втората работа ако гледаме тесно партиски нас ни одговара, најголемиот дел од општините се раководени со кадри од ВМРО-ДПМНЕ но суштината е што сакаат да протнат на мала врата не квалитет, неквалитет тоа е најголемиот проблем, се укинува приправничкиот стаж, суштината е, јас доаѓам од образованието и сум го говорел тоа во неколку интервјуа сум го говорел, дека образованието е основниот столб во државата и ние не смееме да го потценуваме образованието и да си играме реформи, ако гледаме тесно партиски утре ќе го поминеме законот ќе се вработат како тоа што го прави СДСМ и поранешната министерка и Зоран Заев по партиски списоци и завршена работа. Но ние сакаме тоа да го смениме. Затоа сме ние тука да покажеме разлика. Околу платите, веднаш да го применат колективниот договор и еве ние ќе им честитаме и ќе ги поддржиме. Веднаш да го применат, нагласи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните…
„Непосредно пред локалните избори, во време кога…
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…
Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да…
Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…