(Видео) Милошевски: Украина добива поддршка од Западот, но на Западот никој повеќе не му верува, нема да е прв пат САД да предизвикаат војна

t

Зборувајќи за руско украинската криза, новинарот Милош Милошевски, во вечерашното издание на емисијата Тешки муабети истакна дека Украина добива поддршка од Западот, но на Западот никој повеќе не му верува.

„Знаете што е суштината на проблемот, која несреќа ја имаат Украинците во моментов? Никој не му верува веќе на Западов. Западот е тој што ги поддржува и тој што ги прави сите објави коишто одат во насока на поддршка на Украина. Еве пред малку, Доналд Туск на Твитер објави дека сите ние мораме да ја поддржиме Украина безкомпромисно инаку не сме ниту демократи, ниту христијани, ниту Европејци. Еве кои луѓе ја поддржуваат Украина. И народот не им верува. Имавме ситуација кога Бајден во петокот излезе пред цела светска јавност на прес конференција и изјави Русија спрема напад под лажно знаме на Украина. Сега да го прашаме Бајден, каде е оружјето за масовна деструкција во Ирак? Поминаа 20 години од инвазијата на Ирак, ние сѐ уште немаме видено ниту едно оружје за масовно унштување кое што, наводно, Садам Хусеин ги создавал.“, прашува Милошевски.

Митовски потсети дека додека Американците потпишуваа Рамковна спогодба за повлекување од употреба на фосфорни бомби во 2011, во третата фаза на повлекување на нехумани оружја, само еден ден подоцна, украинската војска бомбардираше со форфорни бомби во Доњецк.
„Тоа е тоа лицемерие. Договорот за стопирање на производство на нови нуклеарни боеви глави и уништување на старите, до сега, согласно извештаите на Обединетите нации коишто се надлежни за контрола, до сега констатирале дека само Русија има повлечено околу 3700 нуклеарни боеви глави од вкупно 6000. Америка, напротив, го има зголемено бројот, од 1100-1200, од пред потпишување на договорот“, сега имаат 1700 коментираше Митовски.

За потсетување, и Виетнамската војна започна со напад под лажно знаме, кога Американците сами си го потопиа носачот на авиони. За време на Кубанската криза, за да интервенираат во Куба, според неодамна декласифицирани документи, направиле планови за уривање на неколку американски патнички авиони, со цел а оправдаат инвазија на Куба, која ја спречи претседателот Кенеди.

И сега треба да и м веруваме на западните медиуми?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовски до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте против…

Ако сте против Преспанскиот договор имате 80…

(Видео) ДКСК ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА МОЖНО ПРИКРИВАЊЕ…

ДКСК оформи предмет за Игор Јанушев и…

(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични…

Кривична пријава по текст на Инфомакс Министерството…

(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс:…

Африм Муча, претставник на еден од синдикатите…

Следете нѐ: Вечерва продолжуваме со „Плус/Минус“ и…

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…