Човек со години живее на остров што сам си го изградил
Шедоу повеќе од 17 години живее на пловечки остров во Виџон Слу, Канада, кој самиот го изградил од зачувани материјали и фрлени работи.
„Експлоринг алтернативс“ го посети Канаѓанецот, кој им го покажа својот дом и објасни зошто го направил и како живее во него.
‘Својот остров го нарекува Nowhere island, а главна мисија му е да ја заштити животната средина. Како што изјавил претходно во едно интервју, животот во градот му досадил и сакал да направи нешто подобро. Така добил идеја сам да изгради остров што подалеку од градот.
На своето мало островче Шедоу изградил две куќи, голем кокошарник, градина и магацин.
Сака да живее одржливо и еколошки. Во зима собира огревно дрво од реката, сам си одгледува свежа храна во градината и собира свежа вода од блискиот извор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големи пожари беснеат во Канада: Евакуирани…
Големите шумски пожари што ја зафатија канадската…
Повеќе од 800 шумски пожари беснеат низ…
Низ Канада беснеат повеќе од 800 шумски…
Канада интензивно ископува руда за да има…
Канада интензивно ископува критични минерали и ги…
САД најавуваат нови царини кон Канада и…
Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир,…
Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…
Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…