Објавено на:

(Видео) Започна обраќањето на Владимир Путин до нацијата

t

Рускиот претседател Владимир Путин во моментов ѝ се обраќа на руската нацијата, а како што дознава агенцијата ТАСС од извори од Кремљ сѐ поверојатно е дека Русија ќе ги признае Луганската и Доњецката Народна Република, одлуки со кои, според многу аналитичари, Путин легално ќе може да ги помага овие региони. Додека тензиите растат во пограничните региони, неколку западни лидери со санкции му се заканија на Путин доколку се одлучи на признавање, кое, меѓу другото, ќе ги прекрши и Договорите од Минск.
– Ситуацијата во Донбас станува критична. Украина е повеќе од сосед. Тоа е нашата заедничка историја и култура – тоа е семејство, го започна Путин своето обраќање

„Модерна Украина ја создаде Русија, болшевичка Русија. Украина не е само наша соседна земја. Таа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат наши пријатели и роднини“, рече Путин. Тој ја нарече ситуацијата во источна Украина „критична“.

„Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде“, рече Путин во ТВ-обраќањето.

„Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Таа земја беше оштетена од распадот на СССР“, додаде тој.

Путин рече дека Русија отсекогаш имала отворена соработка со Киев, но се пожали на начинот на кој постсоветска Украина се однесувала кон Москва.

Тој ја обвини Украина за кражба на руски гас во минатото, како и за користење на енергијата за уценување на Русија. Тој укажа и на зголемувањето на бројот на, како што рече, „неонацистите“ во Украина, рече тој.

Тој оцени дека Украина никогаш немала традиција на вистинска државност.

Рече дека украинските власти се затруени од вирусот на национализам и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…