На кого му одговара некомплетен Уставен суд?
Девет месеци Уставниот суд работи во некомплетен состав. Минатиот јуни остана „покус“ за тројца судии, а пред два месеци за уште еден. Петмината преостанати судии за сега може да заседаваат и да носат одлуки, но чекаат комплетирање за да се соочат со покомплексни прашања како што се Преспанскиот договор, Законот за јазиците, за високото образование или за социјалната заштита. Претседателката Добрила Кацарска предупредува дека Судот функционира на граница на кворум.
Пред две недели, Кацарска побара ангажман и од спикерот Талат Џафери, но тој одговори дека Комисијата за избори и именувања се соочува со опструкции.
Опозицијата тврди дека таа не опструира. Седум членови на Комисијата побараа седница уште денеска.
Проблемот во Комисијата се засили по локалните избори, кога претседателот стана градоначалник, а БЕСА премина во опозиција. Со 7 спрема 6, власта го изгуби мнозинството за гласање. Владеачките партии сметаат дека имаат право на мнозинство во оваа комисија врз база на меѓупартискиот договор склучен при конститурирањето на Собранието.
– Пишува Соња Николовска за Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…
Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…