Објавено на:

Трамп: Путин немаше да постапи вака доколку јас бев претседател

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска жестоко го обвини својот наследник Џо Бајден за лошо управување со украинската криза и излезе со тврдење дека Владимир Путин „никогаш немаше да постапи вака“ доколку тој и денеска беше во Белата куќа.

-Доколку се управуваше правилно, нема апсолутно никаква причина воопшто да се случи тоа што денеска го гледаме, рече поранешниот американски претседател.

-Добро го познавам Владимир Путин и никогаш не би го направил тоа што го прави сега за време на администрацијата на Трамп. Не доаѓа предвид!, рече Трамп коментирајќи ја наредбата на рускиот претседател за распоредување руски војници во двата сепаратистички региона од источна Украина.

Американската опозиција ја критикуваше блискоста на Трамп, за време на неговиот мандат, со претседателот Путин.

Американскиот милијардер кој размислува за повторна кандидатура за Белата куќа оцени дека „се слаби“ санкциите што ги воведе администрацијата на Бајден против Путин за блиски до него поединци и организации.

-Тие се незначителни кога се споредуваат со окупацијата на една земја или стратешки области, рече тој.

-Не само што Путин го постигнува тоа што отсекогаш го сакал, туку и станува побогат благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот, додаде поранешниот американски претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…