Бајден најави санкции против руската елита
Денеска ја воведуваме првата транша од санкциите против Русија, а во случај на ескалација на кризата во Украина ќе следат нови мерки, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.
САД немаат желба да се судрат со Русија, но сакаат да ја пренесат пораката дека ќе ја заштитат секоја педа од територијата на НАТО, рече тој.
Како што наведе, американските сили од Европа ќе бидат пренасочени кон балтичките земји.
Бајден посочи дека ништо во изјавите на Путин не сведочи за интересот за водење дијалог за европската безбедност. Без разлика на мерките што се усвоени против Русија, се надевам дека се уште постои можност за дипломатија, посочи американскиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…