Објавено на:

Блинкен ја откажа средбата со Лавров

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ја откажува средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, која требаше да се одржи на 24 февруари, бидејќи, како што рече, во услови на инвазија на Украина, средбата нема смисла.
„Нема смисла средбата да се одржи. Се консултирав со нашите сојузници и партнери и се договоривме за се“, рече Блинкен на средбата со неговиот украински колега Дмитриј Кулеб.

Тој рече и дека за тоа со писмена изјава го информирал шефот на руската дипломатија.
Блинкен додаде дека САД нема да дозволат Русија да се преправа дека учествува во дипломатскиот процес и да се движи во насока на конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…