Уставниот суд денес ќе одлучува за укинување на патните трошоци на пратениците

t

Веќе со години голем дел од пратениците, освен патни трошоци, кои за еден месец може да достигнат и 1.000 евра, добиваат и државни пари за да ги платат патарините кои ги поминуваат за да дојдат до работното место. Но, она што паѓа во очи е дека оваа дополнителна привлегија пратениците не ја добиле преку закон или колективен договор, туку со одлука на една од Собраниските комисии.

Токму тоа го вклучило алармот во Левица и до Уставниот суд поднеле иницијатива со кој бараат ваквото право на пратениците да се поништи или укине, бидејќи за него нема законски основ. Денеска оваа иницијатива се најде на дневниот ред на Уставниот суд.

Од Левица исто така наведуваат и дека ваквата привилегија се коси со неколку законски одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието. Таму прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини.

Дополнителната привилегија за добивање и на трошоци за патарините е донесена на 3 октомври 2006 година, од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, со назив „Одлука за висината на надоместоците на пратениците за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина“.

Според Левица, Собранието, односно комисијата, со носењето на ваквата одлука направила злоупотреба.

„Со носење на оспорената комисиска одлука, донесена на седница на кадровско работно тело составено од само 13 пратеници, кое без никаков уставен основ излегува од рамките дадени со Уставот, како највисок и врвен правен акт во Репубиката (lex superioris), предвидувајќи надоместок на трошоците за патарина кој воопшто не е ниту уставно, ниту законски предвиден – прави класично ultra vires проширување на правата на пратениците и врши каприциозна и дрска злоупотреба на сопствената материјална надлежност“, се појаснува во иницијативата.

Се додава и дека нема простор за никаква можна интервенција преку подзаконски правен акт во сферата на трудовото и парламентарното право, со кој малициозно би се дерогирал или изместувал постојниот јавно-правен поредок, утврден со националната легислатива, но и со ратификуваните меѓународни договори. Можело да биде поинаку уредено, но не е.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно – 3акани по жив0т кон пратениците…

Непознати лица преку меил им се заканувале…

Пратениците од Левица остварија средба со кинескиот…

По повод 97 години од формирањето на…

Граѓаните ќе плаќаат најмалку 600.000 евра за…

Граѓаните ќе плаќаат најмалку 600.000 евра за…

И Богоев ги нападна пратениците на СДСМ:…

После Андреј Петров, критики кон пратениците на…

Ова се сите 18 пратеници на СДСМ…

СДСМ на последните парламентарни избори освои 18…