Пандов: Доколку сега постои нов било каков договор со Бугарија потребно е да се има гаранции дека македонската историја, јазик и народ е вековен

t

Во вечерашната дебатна емисија „Само Вистина!“ на Канал 5 Телевизија, гостуваше претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, каде во однос на барањата од Бугарија кон Македонија, посочи дека потпишаниот договорот со Бугарија е уште по опасен од Преспанскиот договор.

-Барањето и инсистирањето на Бугарија која сега сака да ни ја промени историјата и ние да учиме дека со Бугарите имаме заедничка историја претставува директно мешање и директен идентитетски инжињеринг, истакна Пандов.

Пандов додаде дека сето ова што Бугарија го прави и бара кон нас им е дозволено и претставува преседан невиден.

-На Петков и Радев сега важно им е македонските Бугари да влезат во македонскиот Устав, а при тоа нема никаков реципроцитет од страна на Македонија, односно од Бујар Османи. Ова е преседан невиден, очигледно дека сето ова на Бугарија и е дозволено да бара од нас да стануваме други, да прифаќаме дека сме титова творба, рече Пандов.

Според Пандов апостолите на Македонија, Бугарија ги доживуваат како Бугари. Суштината во проблемот со Бугарија е историјата бидејќи они Гоце Делчев го претставуваат како нивни Бугарин.

-Доколку сега постои нов било каков договор со Бугарија потребно е да се има гаранции дека македонската историја, јазик и народ е вековен. Ова е потребно бидејќи другиот преговарач односно Бугарија бара ова да не е така со нивната резолуција во бугарското Собрание, заклучи Пандов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…