Објавено на:

Американците со нов датум: Според разузнавачите тотална инвaзија на Украина ќе почне во рок од 48 часа

t

Функционери на американските разузнавачки служби потврдија за Њузвик дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го предупредила украинскиот претседател Володимир Зеленски за проценката дека Русија се подготвува да тргне во тотална инвазија на Украина во рок од 48 часа.
„Претседателот на Украина е предупреден дека Русија, според информации со кои располагаат американските разузнавачки служби, ќе почне со инвазија во рок од 48 часа“, кажа за Њузвик американски функционер директно упатен во ситуацијата.

„Покрај тоа, имаме извештаи дека руски авиони претходно денес влегле во украинскиот воздушен простор. Станувало збор за шпионски авиони, кои накратко се задржале во воздушниот простор на Украина“, изјавил изворот.

Извор близок до кабинетот на украинскиот претседател потврдил за Њузвик дека Зеленски го примил предупредувањето на администрацијата на Бајден.

Според неименуван американски разузнавач, Пентагон проценува дека Русија при инвазијата ќе користи воздушни удари, крстосувачки ракети и копнени трупи.

Информацијата ја потврдил и друг американски разузнавачки функционер, кој ја истакнал „сеопфатната природа“ на воените операции кои Пентагон ги очекува од Русија.

Изворот за Њузвик кажал дека инвазијата би вклучувала упад на руската војска не само во бунтовничките региони во Донбас на истокот на Украина, туку и голема инвазија насочена кон главниот град Киев која би почнала од северната граница со Белорусија, каде руската војска од неодамна одржува заеднички воени вежби со белоруската војска.

Другиот функционер кажа дека инвазијата најверојатно ќе почне ноќе, а се очекува да ѝ претходат хакерски напади. Двата извори, меѓутоа, истакнале дека руските планови би можеле да се сменат, во зависност од секојдневниот развој на настаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…

Иран: Трамп лаже, штетата врз нашиот главен…

Иран тврди дека нападот на американските сили…

И Германија го повика Иран да разговара…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…