Се огласи Пендаровски: Русија да ги прекине воените дејствија во Украина
Ставот на претседателот Стево Пендаровски по повод инвазијата на Украина од страна на Русија го пренесуваме интегрално:
„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.
Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.
Во име на граѓаните на Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.“
Претседателот Стево Пендаровски за денеска (24 февруари 2022 година) свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.
Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14:00 часот.
Соопштение за заклучоците на Советот за безбедност, како и фото и видео инсерти од седницата ќе бидат дистрибуирани од страна на Кабинетот на претседателот по завршувањето на седницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…