АРМ ќе остане без леб? Скандал во Министерството за одбрана

t

Полковникот и пратеник Драган Ковачки на неговиот Фејсбук профил објави скандал на Министерството за одбрана поврзано за набавката на леб за Армијата. Како што кажува Ковачки договрот за набавка на леб истекол, а министерството се уште нема склучено нов договор.

Ова е целосниот статус:

“Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз (!)Договорите за набавка на леб и вода за војската се истечени, а во меѓувреме нови не се склучени.Како ќе го надминат проблемот со недостаток на леб?

Од МО прават обиди досегашниот доставувач на леб да продолжи да врши достава иако рокот во договорот е веќе е истечен (!?).

Инаку, без организиран превоз останаа и војниците на релациите Скопје-Велес; Пробиштип-Скопје; Куманово-Штип; Битола-Прилеп-Велес; Струмица-Петровец; Делчево, Берово – Штип; но тоа веќе стана нормална состојба – the new normal.

Министерот г-ѓа Славјанка Петровска е должна да и’ одговори на македонската јавност кој и зошто дозволил да се стигне до оваа состојба и зошто пред месец или два не склучени нови договори за леб, вода и превоз.

Дали конечно некој ќе понесе одговорност?Овој однос кон војската е недозволив. Во 21 век да се гордеете дека сте членка на НАТО, а притоа да си ја оставите сопствената војска без леб и вода, не е ништо друго, туку негрижа и неспособност. Ова е срамот, бедата и јадот по кој ќе биде запаметена оваа антидржавна нелегитимна гарнитура на власт.

#Оставка#Промени” – пишува Ковачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…

Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност…

Македонската Aрмија денес е високо организирана воена…

Мисајловски: Продолжуваме со уште позасилено темпо да…

Македонската Армија денеска, 18 август, одбележува 34…

34 години АРМ: Модерна, современа и целосно…

Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето…

Армијата доби 53 нови офицери, Мисајловски: Ќе…

Македонската Армија денеска доби 53 нови офицери…