(Видео) Можна е евакуација на македонските дипломати од Украина – станува се потешко да им се излезе во пресрет на нашите луѓе таму

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека е можно повлекување на македонските дипломати од Украина. Исто така инистерот соопшти дека има граѓани кои бараат да се вратат во Македонија но ситуацијата е се потешка поради затворените паришта, ќе се искористат сите можности да им се излезе во пресрет но тоа е многу тешко.

Го пренесуваме неговиот разговор во целост:

“Ја следиме состојбата со загриженост, мислевме дека копнена инвазија на соседна земја ќе видиме само во филмовите и историските книги, но еве се случува денеска и е за најголема осуда. Единствени сме во НАТО и ЕУ во однос кон одговорот кон оваа агресија, секако се грижиме и за македонските државјани таму.

Имавме неколку апели да се искористат сите можности да се искористат комерцијалните летови да се вратат овде во Скопје, дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата амбасада таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани кои бараат документи за да можат да ја напуштат земјата. Ние веќе правиме и планови за евакуација на нашите дипломати, иако таа одлука се уште ја немаме донесено, но сме во постојана комуникација со нашите партнери и нашите луѓе на терен.

Се обратија две семејства во нашата амбасада кои бараат одредени документи за да ја напиштат земјата, ние со недели правиме апели тоа да се случи за да не бидеме во ситуација денес кога се блокирани патиштата и авионските линии да бараме начин да им помогнеме.

Нашите дипломати ќе најдат начин да помогнат, а потоа ќе донесеме евентуално одлука и за евакуација на наши дипломати од амбасадата.

Ние имаме потреба за резервни планови доколку аеродромот се затвори, и денеска ќе имаме седница за влада на која ќе донесеме одлуки во однос на состојбата таму.

Сега станува се потешко да им се излезе во пресрет, дел се вратија по апелот, меѓутоа продолжуваме да бидеме во комуникација со нашите луѓе.

Сите партнери во НАТО аме единствени, тоа е наше најсилно оружје во оваа ситуација, дел од информациите од состаноците се доверливи, не моѓам да ви ги пренесам меѓутоа ние сме единствени по ова прашање.

Знаете дека Унијата донесе одлука за скалести санкции кон Русија, а се разбира понатаму ќе се преземат дејствија. Ние сме сега дел од сојузот и тоа ни дава побрз пристап до информации, безбедноста што ја чувствуваме е посилна, ние се солидаризираме со нашите партнери.”- вели Османи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…