Јакимовски: Фатмир Бесими ќе офка да му земете 15 милиони евра а не па општина Карпош

t

Компанијата „Пуцко Петрол“ која купила земјиште во општина Карпош со маркица за бензиска пумпа, по што планот бил поништен од Уставниот суд, сега содава огромен проблем за граѓаните, затоа што нафтената компанија по судски пат бара 15 милиони евра оштета.

Овој случај градоначалникот на Општина Карпош го коментираше утрово во „Студио 10“, каде новинарот побара да објасни зошто треба општината да испалти 15 милиони евра.

На што градоначалникот Јакимовски појасни дека не е целиот долг на Општината, треба да се подели 40% градот, 40% Општина Карпош и 20% државата, поради што е вклучен и правобранителот.

Воедно го критикувше и советот, особено советниците кои доаѓаат од зелените опции – „Они се однесуваат ноншалантно. Ако не се донесе новиот урбанистички план, општината ќе е натоварена со 15 милиони евра, тоа се три општински буџети, Карпош ќе стане месна заедница. Не не избраа за ова граѓаните.“

Тој вели дека општината е во заложништво од само двајца советници, кои уживаат во „рушење урбаниситички планови“ –
„Зелен хуман град уживаат во рушење урбанистички планови. Двајца советници ја држат општината заложник. Се работи за егзибиционизам и иживување врз граѓаните на општина Карпош. Замислете, сега не можеме да издадеме градежна дозвола, не можеме да извадиме извод од урбанистички план, има грѓани кои што велат дека со години собирале пари за да ја надградам куќата, не ми издавате градежна дозвола веќе три години, сега поскапеа матерјалите, работната сила…“

Јакомовски преку економска анализа тврди дека ситуацијата во општината станува неодржлива, тврди дека Карпош е како во 45 година, без урбанистички план. – „Не може да го запреме животот. Семејствата се зголемуваат, граѓаните сакаат да доградат. Цените на становите еноромно поскапуваат, нашите деца немаат каде да купат стан. Приходите на Општина Карпош се драстично паднати, мали станови нема. Предупредував за ова. За просечен граѓанин ова е невозможна мисија.
Фатмир Бесими ќе офка да му земете 15 милиони евра а не па општина Карпош. Ако ни ја блокираат сметката, 10 отсто е годишна камата, тоа се 5 милиони евра плус, значи 20.“

Градоначалникот се плаши од дивоградби, вели, ако не се реши проблемот поскоро, подоцна ќе не може да се справиме со дивоградбите.- „Три години нема урбанистички план во Карпош. Тоа страшно. А уште пострашно е што нема најава уште две години да се реши проблемот. Дивоградби ќе ни никнат насекаде. Ќе неможеме да се справиме. Пример Нерези, никогаш немале детален урбанистички план. Дури сега правиме. Градат диво, нормално дека градат диво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…

Поради дефект денеска без вода ќе останат…