(Видео) Потресно видео на Македонка во Украина: Не знам ни дали ќе дозволат да ја напуштам земјата со ќерка ми
Мери Амбросова е Македонка на која веќе неколку години живее во Украина откако се омажила за Украинец.
Во видеото кое го објавува на Инстаграм вели дека со ќерката сами се движат кон граница, со надеж дека таа како странец и нејзината ќерка ќе можат да ја поминат границата. На границите на Украина има огромни гужви, Киев е блокиран и автопатите исто така се со гужви, вели Мери и споменува дека само до границата ги чекаат околу 10 часа пат.
Посочува дека нејзиниот сопруг останал во Украина, не знае дали и тој ќе може да ја напишти државата.
“Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имам уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знам дали ќе успеам да поминам дали не”,- вели Мери.
Рано утринава започнаа руските напади врз Украина. Осуда за агресијата дојде од сите Западни држави, македонскиот државен врв исто така ги осуди нападите.
Бујар Османи во телефонски разговор за Канал 5 објасни дека е можно повлекување на македонските дипломати од Украина, дека сега станува се потешко да им се излезе во пресрет на нашите луѓе во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…