МНР во паника: Македонија го крена нивото на кибер заштита на највисоко ниво по нападот на Украина

t

Целата држава го подигна нивото на заштита на највисоко можно поради нападот врз Украина, а во престојниот период се очекува и зголемување на заканите од кибер напади поради што се преземени специјални мерки, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој спомена дека Министерството за надворешни работи уште пред ескалацијата на состојбата во Украина било цел на обид за кибер напад.

– Имавме ситуација и пред ескалацијата, МНР беше таргет на еден таков овид за кибер напад и тоа покажува дека ќе има такви хибридни закани, во однос на таргетирање на кибер, односно дигиталната инфраструктура. Сега веројатно ќе бидат уште поголеми и затоа се преземаат сите вонредни мерки. МНР веќе ги презеде тие мерки, а претходно и целтата држава го подигна нивото на заштита на највисоко можно, рече Османи денеска по тематска дискусија „Современите предизвици во контекст на градењето на Стратегија за надворешна политика на Република Македонија“.

Османи истакна оти вчера на владина затворена седница било разговарано за ранливоста, односно подготвеноста на критичната кибер инфрастуктура во земјата, можните ризици, информациите, кои ги имаме за можни ризици и мерките што треба да се преземат. Нагласи дека се донесени конкретни заклучоци, во чии детали не навлегуваше поради карактерот на информациите.

Османи на прес-конференцијата говорејќи за тематскиот настан Рефлексија 2030, со кој, како што рече, преку еден инклузивен процес се создава нова десетгодишна стратегија за надворешната политика на Република Македонија, нагласи дека најважната тема која се наметнала е новата светска криза, која настана по агресијата од страна на Русија врз Украина.

– Ние и денес, пред нас ги гледаме присутните хибридни закани и активности за хибридни упади внатре во рамките на општеството и од тука се наметнува потребата за се поголема грижа и заштита на критичната инфраструктура пред се мислам на кибер и дигитална инфраструктура која станува поважна од онаа физичката структура за која е потребен стратешки државен пристап, рече Османи.
На денешната тематска дускусија на која беше најавено учество на членови на Стратешкиот совет, претставници на академската заедница, тинк-тенк организации и други познавачи на безбедносните прашања станало збор и за посветеноста кон решавање на феноменот на миграцијата, хуманитарната и безбедна заштита на бегалците, потребата за изградба на отпорен и ефикасен глобален здравствен систем, давање одговор на прашање поврзани со енергетската безбедност, неопходноста за пошироко општествено дејствување во справување со климатските промени.

– Се на се, се наметнува ставот дека Стратегијата за надворешна политика во наредните 10 години во својата основа ја има премисата дека е потребно да ја зајакнеме цврстината, отпорноста и функционалноста на целата држава, на сите институционални системи на целото општество. Иако оваа конференција ја планиравме недели наназад, во стручната расправа посебно внимание посветивме кон актуелната украинска криза. Овие актуелности ја преокупираат надворешната политика практично низ целиот свет, но исто така претставува и едно важно предупредување, токму за современите закани коишто очигледно ќе се засилуваат во декадата пред нас, истакна Османи.

На форумот била изразена сериозна загриженост и целосна солидарност со украинскиот народ, силна осуда за неразбирливите и неиспровоцирани воени напади на Русија врз Украина, кои, како што рече Османи, нанесуваат неповратна загуба на човечки животи и создаваат високи материјални штети.

– Инвазијата од страна на Руската Федерација не може никако поинаку да се смета освен како директен акт на агресија, напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, силна повреда на основните принципи на меѓународното право, сериозен удар врз демократскиот поредок, како и сериозен удар врз безбедносната архитектура на Европа и со тоа реално закана за светскиот мир, безбедност и стабилност, нагласи тој.

Истакна дека Македонија како член на триото, претседавачи на ОБСЕ, активно ќе учествува во процесите за деескалација и изнаоѓање на дипломатско решение преку суштествен дијалог со Украина и Руската Федерација и другите земји членки на организацијата.

– Нашата улога во ОБСЕ станува се поактуелна имајќи го предвид претстојното претседавање во 2023 година, но и покрај тоа на долг рок зајакнатото учество на земјата во заштита на мултилатерализмот ќе има посебно место и во десетгодишната стратегија, рече Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека денеска заеднички констатирале дека на глобално ниво, живееме во едно сложено време, секојдневно соочувајќи се со државни ревизионистички и националистички политики, засилен политички и економски експанзионизам, силно прекршување на меѓународното и јавно право и принципи и дека во таа насока е потребно навремено препознавање, анализирање и надминување на таквите предизвици со поголем ангажман, квалитет, брзина, ефикасност, отчетност и одговорност.

– Од исклучително значење е заклучокот кој упатува на неопходноста од донесување на сеопфатна и единствена стратегија за надворешната политика, која ќе ги определи надворешно политичките цели на државата и соодветно ќе ги адресира нашите пошиорки општествени интереси, ставови, искуства и знаења. Истата ќе биде целосно прилагодена на современите демократски текови, новото геополитичко позиционирање, како и на реалните општествено политички економски околности во кое се наоѓа Република Македонија, истакна шефот на дипломатијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…