Доњецк соопшти: Пробиена е украинската одбрана – има загинати цивили
Трет ден од почетокот на руската воена операција во Украина. Во текот на ноќта руската армија со крстосувачки ракети од море и од воздух ги нападна воените објекти во Украина и воспостави целосна контрола над Мелитопол.
НАТО денеска одржува вонреден самит.
Врховната Рада на Украина апелираше до ЕУ и НАТО „денес веднаш да го затворат небото над Украина“, а исто така го повика светот да ја исклучи Русија од Советот за безбедност на ОН и да ги заостри санкциите против „сите Руси“.
Соопштението го прочита претседателот на Рада Руслан Стефанчук, а видеото е објавено на официјалниот Телеграм канал на Собранието.
Пратениците на Рада апелираа и рускиот претседател Владимир Путин да биде прогласен за „воен злосторник“.
Според Стефанчук, документот го потпишале раководството на Рада, лидерите на парламентарните фракции и групи.
Во последните 24 часа пет цивили загинаа, а 15 се ранети во гранатирањето на Доњецката Народна Република, изјави портпаролот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин.
Тој исто така рече дека силите на ДНР го прошириле опсегот на нападот и практично ја пробиле одбраната на украинската армија.
„Операцијата на југ се развива успешно, се што беше планирано исполнивме. Го прошируваме опсегот на нападот, наши се сите контролни пунктови од другата страна на реката Калмус. Украинската армија се повлекува кон Волноваха. Сега е полесно бидејќи одбраната е пробиена“, објасни Басурин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…