Владата на Таче одлучи: ЗАБРАНЕТ ЛЕТ ЗА РУСКИ АВИОНИ НАД МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА!

t

„Владата на Република Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за авио компании од Руската Федерација. Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација“ стои во соопштението на македонската Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати…

Тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип: Сообраќајот…

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна несреќа…