Советот за бeзбедност на ОН побара итна седница на Генералното собрание за Украина
Советот за безбедност на ОН усвои процедурална резолуција со која се бара итна специјална седница на Генералното собрание за ситуацијата во Украина, а според правилата, состанокот треба да се одржи во рок од 24 часа.
„Советот за безбедност на ОН свикува итна специјална седница на Генералното собрание на која ќе се расправа за ова прашање“, се вели во резолуцијата.
Руската Федерација гласаше против, три земји беа воздржани – Индија, Кина и Обединетите Арапски Емирати. Нема вето при процедурално гласање. Девет од 15-те гласови на Советот за безбедност се доволни за да се донесе одлука.
Русија стави вето на американско-албанската резолуција во петокот со која се повикува Русија веднаш да ја прекине својата операција во Украина.
Амбасадорката на САД Линда Томас-Гринфилд вети дека ќе го пренесе ова прашање на Генералното собрание на ОН. Според нејзините очекувања, гласањето за антируската резолуција во Генералното собрание на ОН, а не во Советот за безбедност на ОН ќе се одржи в среда.
За разлика од резолуциите на Советот за безбедност на ОН, резолуциите на Генералното собрание на ОН не се правно обврзувачки.
Рано утрото на 24 февруари Русија започна воена операција за демилитаризација на Украина. Во телевизиско обраќање до Русите, претседателот Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција, бидејќи народните републики во Донбас побараа помош“.
Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го положат оружјето и да си одат дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…