Објавено на:

Путин со контра санкции за САД: Какви економски мерки се предвидуваат?

t

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на посебни економски мерки против САД и земјите кои им се приклучија.
Мерките предвидуваат:

  • Учесниците во странската економска активност се обврзани да продадат 80 отсто од девизните средства добиени од странство од 1 јануари годинава. Правилото важи и за средствата кои се веќе акумулирани – тие мора да се продадат во рок од три дена;

  • се забранува девизно работење со давање девизи од резиденти во корист на нерезиденти со договори за заем;

  • резидентите повеќе нема да можат да плаќаат девизи на нивните сметки отворени во банки и организации во странство, како и да плаќаат пари без отворање банкарска сметка користејќи електронски платежни средства достапни за странските даватели на платежни услуги (се мисли на банките);

  • Дополнително, јавните акционерски друштва ќе можат да ги откупат своите пласирани акции до 31 декември годинава (освен купување на пласирани акции со цел да се намали нивниот вкупен број) под одредени услови;
    Овие мерки се применуваат со цел да се заштитат националните интереси на Русија.
    Во меѓувреме, Британија воведе санкции против ВЕБ, Откритије и Совкомбанка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…