Ако Македонија не може, Бугарија може: Бугарското МНР евакуира 200 лица од Украина меѓу кои и македонски државјани
Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска на вонреден брифинг соопшти дека денеска сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Украина и изразиле желба за евакуација од Киев и околината, имаат можност за итна евакуација. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов Украина ја напуштаат четири автобуси и сите автомобили на бугарскиот конзулат во Одеса и амбасадата во Киев.
Во автобусите и автомобилите има околу 200 лица – бугарски, американски, македонски и украински државјани, еден државјанин на Грузија, како и персоналот на бугарската амбасада во Киев и генералниот конзулат во Одеса.
– Министерката Генчовска и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се во постојана комуникација за извлекувањето на македонските државјани, изјави за МИА портпаролот на бугарското МНР, Митко Димитров.
Димитров потсети дека вчера бугарски дипломати помогнале на 22 македонски државјани на украинско-молдавската и романската граница, а двајца Македонци ја напуштиле Одеса со автобус. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…