Објавено на:

Бајден кажа: Можете да спиете мирно – Нема да има нуклеарна војна

t

Граѓаните на САД не треба да се плашат од нуклеарна војна, изјави вечерва американскиот претседател Џозеф Бајден, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руските сили за одвраќање, кои вклучуваат нуклеарно оружје, да бидат ставени во состојба на висока готовност.


Додека Бајден го напушташе настанот во Белата куќа, еден од американските новинари го праша дали Американците треба да бидат загрижени за можноста за нуклеарна војна, на што американскиот претседател одговори со „не“, пренесува Индипендент.


Претходно портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека САД веруваат дека во овој момент нема причина да се промени нивото на нуклеарна подготвеност.


„Не го сменивме нашиот статус и оценка во тој поглед, но мораме да бидеме и внимателни поради заканите на Путин“, изјави Псаки за кабелската мрежа MSNBC.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека нуклеарните сили и северната и пацифичката флота се во состојба на зголемена борбена готовност.


Бајден разговараше со американските сојузници и партнери во текот на денот, додека неименуван претставник на Белата куќа изјави за Ројтерс дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна, дека во неа нема победник и дека Путин ја ескалира ситуацијата со „опасна реторика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…

Северна Кореја тестираше ракета способна да ги…

Тестот на проектилот со долг дострел доаѓа…

Пентагон размислува за започнување на војна против…

Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Саливaн: Нема недоразбирање меѓу САД и Израел,…

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан…