Објавено на:

Германскиот министер за економија: Водевме наивна политика кон Русија последните десет години

t

Гасоводот „Северен тек 2“ нема да биде сертифициран во догледно време, изјави министерот за економија на Германија, Роберт Хабек, кој е во посета на САД.

„Имавме „Северен тек 2“. „Сега нема индикации дека гасоводот би можел да добие дозвола во догледна иднина“, рече Хабек.

Тој исто така додаде дека Германија во изминатите десет години води „барем наивна, а можеби и погрешна“ политика кон Русија, поради што паднала „во голема енергетско-политичка зависност“. Министерот посочи дека ситуацијата е променета откако новата германска влада дојде на власт.


Тој исто така додаде дека не треба да се воведуваат санкции против Русија, кои Западот сам нема да може да ги издржи и кои ќе и наштетат на глобалната економија.


На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратиле до Москва за помош. Подоцна, Министерството за одбрана на Русија нагласи дека руската армија не нанесува никакви удари врз градовите во Украина: воената инфраструктура е оневозможена со средства со висока прецизност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…