Јапонски доброволци се регрутираат за Украина
Околу 70 Јапонци одговориле на украинскиот повик за странски доброволци да се борат против руската инвазија, јавуваат денеска западни медиуми.
– Заклучно вчера, околу 70 Јапонци – вклучително и 50 поранешни членови на јапонските сили за самоодбрана и двајца ветерани од француската Легија на странци – се пријавиле да бидат доброволци во војната против Русија, објави дневниот весник Мајничи Шимбун, цитирајќи компанија од Токио која се занимава со организирање на доброволците.
Портпаролот на Украинската амбасада соопшти дека примале повици од луѓе кои „сакаат да се борат за Украина“, но рече дека не знаат ништо повеќе за доброволците.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика во неделата да се формира „меѓународна легија“, што поттикна десетици луѓе од САД и Канада да волонтираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…