Најголемата руска банка се повлекува од Европа

t

Санкциите против Сбербанк по руската инвазија врз Украина беа воведени од САД, Канада и Велика Британија, но досега Европската Унија не ја вклучи оваа банка во листата руски банки кои се исклучени од банкарскиот систем СВИФТ
Најголемата руска банка Сбербанк соопшти оти се повлекува од европскиот пазар, затоа што е погодена од огромни финансиски санкции кои беа воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, известуваат руските агенции, а пренесе Н1.

Во соопштението од Сбербанк се наведува оти филијалите на банката се повлекуваат соочувајќи се со абнормален одлив на средства и закани по безбедноста на вработените.

Сбербанк не е во можност да обезбеди ликвидност на своите европски филијали, поради налогот на Централната банка на Русија. Банката беше присутна во осум европски земји – Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.

„Европските подружници на Сбербанк имаат високо ниво на капитал и средства, а средствата на клиентите се осигурани во согласност со локалните закони“,

велат од банката.
Банкарскиот регулатор на Европската Унија во вторникот вечерта објави дека ќе биде отворена стечајна постапка за главната филијала на Сбербанк во Европа.

Санкциите против Сбербанк по руската инвазија врз Украина беа воведени од САД, Канада и Велика Британија, но досега Европската Унија не ја вклучи оваа банка во списокот со руски банки кои се исклучени од банкарскиот систем СВИФТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово губи 400 милиони евра поради санкциите…

Пратеничката на Демократската партија, Аријана Мусљиу-Соши, истакна…

Путин: Западот „си пукаше во нога“ со…

Ограничувањата ефективно доведоа до тоа Русија да…

Унгарија има услов за да го тргне…

Унгарија ќе стави вето на дванаесеттиот пакет…

Мишустин: Западните санкции ја воскреснаа руската индустрија

Ограничувањата и санкциите го поттикнаа развојот на…

Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…