Петре Шилегов потврди дека Бугарија има територијални претензии кон Македонија уште од „Санстефанска Бугарија“

t

Коментирајќи ја пансловенската доктрина, која, во контекст на екс-градоначалникот е лоша идеја, Петре Шилегов потврди дека Бугарија сепак има територијални претензии кон Македонија и води негаторска политика кон македонизмот.

„Постов не е историски, политички е:
Идеен, политички и формален творец на “Санстефанска Бугарија” е Русија (Руското царство) во фазата на нејзиниот експанзионизам кон западот на Европа и кон Балканот.
Востановена е во март 1878, но укината под притисок на западните сили на Берлинскиот конгес во јуни/јули истата 1878 година.
Иако “постоела” само 3 месеци, Санстефанска Бугарија станува неостварен сон на “бугарските национални романтичари” и представува основ за експанзионистичките апетити кон Македонија.
Тие 3 месеци се основ на минатите, но и денешните (се надевам не и идните) негаторски политики на Бугарија кон постоењето на македонскиот народ и создавањето на самостојната македонска држава.
Империјалистичките (експанзионистичките) политики ги гледаме и денес, во 21-виот век …
Панславизам ?“ – прашува на крајот на неговата објава екс-градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Во моментов, Владата на Р.Македонија предводена од СДСМ води преговори со Бугарија по однос на барањата за редефинирање на македонската историја и постоењето на Македонската државност која според бугарската политика постои од 1945 година.

Бугарија тврди и дека Гоце Делчев е Бугарин, Маекдонскиот јазик дијалект на Бугарскиот, а Македонците „збунети Бугари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…