Кацарска уште го влече предметот за изборот на Талат Џафери за спикер во 2017та
Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за предметот со кој беше оспорена Одлуката за избор на претседател на Собранието од 2 мај 2017-та година донесена од Собранието, поради недоволно мнозинство на гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници кога Судот ќе биде во полн состав.
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска го доби овој предмет како готов реферат на 22 февруари 2022 година, или една недела пред денешната седница и веднаш го стави на седница, како што е праксата за сите останати предмети.
За појаснување, овој предмет е оформен уште во 2017-та година со спојување на три иницијативи и на 07 јуни 2017-та година, советник на Судот кому му бил доделен предметот го изготвил рефератот и го предал на тогашниот судијата-известител.
Од објективни причини на почетокот на оваа година предметот е прераспределен кај нов судија, кој за две недели го проучил рефератот и го предал на Претседателката на Уставниот суд како подготвен за одлучување. Всушност, од јуни 2017-та година се до 22 февруари оваа година, тој предмет не бил предаден кај претседател на Судот за да се стави на дневен ред за одлучување.
Во овој контекст, Уставниот суд ги информира граѓаните дека се води сметка за должината на предметите и по насока на претседателката Кацарска на сите советници и судии им е укажано приоритет да даваат на постари предмети и да внимаваат на времетраењето на постапката, а дополнително пред повеќе од четири месеци е побарано од советниците на Судот да достават информација за сите нерешени предмети, а на судиите им е укажано да реагираат кај советниците на Судот за да ги изготвуваат рефератите во најкраток рок. Токму по овие укажувања од страна на претседателката на Судот веќе е одлучено по неколку стари предмети изминатиот период. – Стои во соопштението до медиумите од Уставниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…
Повторно се создава паралелна власт во институциите,…
Крмов: Левица наскоро ќе поднесе интерпелација за…
Левица наскоро ќе ја поднесе интерпелацијата за…