Градоначалникот на Херсон бара помош: Да се воспостави „зелен коридор“, да се изнесат загинатите и да се достават лекови и храна
Градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев на Фејсбук побара помош од сите медиуми со цел да се воспостави „зелен коридор“ во градот преку кој би се евакуирале ранетите, да се изнесат загинатите и да се достават лекови и храна до градот.
-Внимание до сите медиуми – херсонски, регионални, украински, светски! Сите новинари кои ме познаваат, кои го сакаат Херсон, се грижат за неговата судбина, ве молам искористете ја моќта на својата четврта власт и помогнете ни да добиеме „зелен коридор“ за изнесување на повредените и мртвите, транспорт на лекови и храна до градот. Без сето тоа, градот ќе пропадне, напиша Коликаев на Фејсбук.
-Сметам на пријателското учество на новинарите и нивните врски не само со украинските, туку и со светските политичари. Помогнете му на Херсон да добие можност да го спаси својот народ од претстојна хуманитарна катастрофа!, нагласи Коликаев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…