Сите партии со исклучок на Левица за Декларацијата за поддршка на Украина

t

Откако претрпе измени со забелешки и поддршка од речиси сите парламентрани партии, Декларацијата за поддршка Украина што ЛДП ја предложи во Собранието од 10 се намали на 9 точки.

Откако претрпе измени со забелешки и поддршка од речиси сите парламентрани партии, Декларацијата за поддршка Украина што ЛДП ја предложи во Собранието од 10 се намали на 9 точки и наместо „Декларација на Собранието за осуда на политиките што го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ сега е преименувана во „Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“. Измените генерално се однесуваат на повикување на меѓународни конвенции и преформулација на одрени термини.

Во заеднички усогласениот текст на документот се наведува дека со ништо неиспровоцираната руска агресија врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право, а Собранието го почитува правото на Украина, како и секоја суверена држава самостојно да одлучува за своето внатрешно уредување.

Пратениците меѓудруго ја поддржуваат одлуката на украинската Влада за Украина да покрене тужба пред Меѓународиот Суд на Правдата во Хаг.

Сметаме дека злоупотребата на историските аспирации за создавање наголеми држави треба да останат во минатотото и да не се злоупотребуваат за загрозување на мирот, безбедноста и човековите права, било каде на европскиот континент, стои во шестата точка на Декларацијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоскина денешната трибина во Гевгелија повтори дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но упати критики кон власта кои, како што, рече го делат народот на проруски и проукраински за нешто што се случува илјадиници километри далеку од нас за да го дефокусираат од домашните кризи и тешкиот живот.

– Ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен, а тој значи поддршка за мирот во Украина и на територијалниот интегритет на оваа независна и суверена држава… Се додека Ковачевски и Заев, Пендаровски, Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи пишуваат статуси со поддршка на едната страна, овој народ е револтиран од вас бидејќи немате никаков авторитет кај овој народ и ќе биде против вас. Се што ќе кажете народот ќе биде против вас, затоа што сте нелигитимни и ве води нелегитимиен премиер….. .. кој е поставен таму само за да ги продолжи политките на заевизмот кои беа жестоко поразени на последните локални избори и во првиот круг и во вториот круг во нашата Македонија. Затоа колку повеќе вие го делите народот, толку тој посилно се обединува., изјави Мицкоски.

Против Декларацијата за поддршка на Украина во Собранието единствено ќе гласа Левица, потврди за Канал 5, Димитар Апасиев, и најави дека причините ќе ги образложат на самата пленарна седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…