Заврши седницата на Влада: Ќе се продолжи престојот на Украинците што се затекнале во земјава – Куршумли Ан прогласен за културно наследство од особено значење

t

Во контекст на последните случувања поврзани со Украина, на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната редовна, 19-та седница, ја усвои Информацијата за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.
 
Согласно одлуката на Владата, специфични државни институции на Македонија се задолжуваат во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза.
 
Дополнително, на украинските државјани кои се затекнати во Македонија и кои заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина, ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава, додека за тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез и без обврска за поседување негативен ПЦР тест за КОВИД-19 во Македонија, поради хуманитарни причини.
 
На оваа своја седница Владата ја донесе Национална стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025, со Акциски план за имплементација на Националната стратегија за интегрирано гранично управување (2022-2025).
 
Националната стратегија за интегрирано гранично управување и соодветниот акциски план се усогласени со постоечката национална стратешка рамка и основните стратешки документи, со акцент на Програмата за работа на Владата 2021-2024 и е во функција на исполнување на планираните активности во рамки на процесот на пристапување кон ЕУ, како стратешки приоритет на Владата.
 
Главната цел на оваа стратегија е постигнување на безбедни и отворени граници, за брз и безбеден проток на патници и стоки и за ефикасно сузбивање на илегалните прекугранични активности до ниво кое нема да претставува закана за граничната безбедност и за сигурноста на граѓаните.
 
Владата денеска го прогласи Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење.
 
Со оваа одлука на предлог на Управата за заштита на културното наследство, Куршумли Ан кој е изграден во средината на ХVI век, и кој претставува споменик на културата се овозможува трајно зачувување на Анот во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли Ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши, или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…