Србија ќе не’ спасува? Илјадници тони пченица и пченка ќе бидат префрлени во македонските резерви на наше барање

t

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум.

„Владата, Ковачевски, Бесими и Бетиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ беа исправни, но владата наместо работа одбра лага, велат преку соопштение од партијата.

Од таму додаваат дека односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата?

-Недостатокот на стокови резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Зошто не ги слушаа предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ? Каде завршиле стоковите резерви? Што друго недостасува од државните резерви? Ќе има ли одговорност што владата ја дестабилизира државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…

РЕК Битола веќе неколку дена е во…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…

Кога наместо да деде одговор на конкретно…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…